05 Декември, 2025
0.0339

Годинава се очекува стабилен откуп на тутунот и просечна цена 180 денари

Објавено во: Агробизнис 28 Август, 2013 22:00

Добивај вести на Viber

Oваа година, премиерот Никола Груевски очекува откупот на тутунот да биде стабилен, со соодветна динамика и без сериозни проблеми.

„Остануваат субвенциите кои ние ги гарантираме и ги исполнуваме во изминатите години.Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада само во фантазиите можеше да се замисли само едно евро да се дава за килограм тутун. Некои луѓе мислеа дека тоа е недостижно, но тоа го постигнавме само во еден ден. Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ги смени работите и тоа години наназад се спроведува“, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на Прилеп.

Според него, може да се смета дека и следната сезона навреме ќе бидат исплатени субвенциите.

„Согласно согледувањата на Министерството за земјоделство и оваа година очекуваме релативно добра просечна цена, како лани, 180 денари, а за поквалитетниот тутун и над 200 денари“, истакна премиерот.

Владата, како што потенцира, будно го следи производството и секогаш, кога може, е подготвена да им помогнеме на тутунарите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?