Во последните 20 години
Годинава веројатно ќе биде најлоша за светското производство на вино
Објавено во: Агробизнис 21 Октомври, 2016 13:57
Светското производство на вино се очекува да падне во 2016 година за 5,3%, бидејќи обилни дождови го оштетиле суштинското производство на грозје во Јужна Америка и во Франција, соопшти финансиската агенција RTTNews.
„Меѓународната лозарска и винарска организација“ (OIV) прогнозира дека светското производство на вино ќе се намали во текот на оваа година со 259 милиони хектолитри, а тоа би претставувало пад со над 5 отсто во споредба со 2015 година.
Во таква ситуација винарското производство во тековната година најверојатно ќе се покаже меѓу најслабите во последните дваесет години.
Италија го потврдува своето место на водечки светски производител на вино и во 2016 година со своите 48,8 милиони хектолитри што сепак претставува намалување за 2% во однос на една година порано. Таа е придружувана од Франција, чие производство на вино ќе достигне 42,2 милиони хектолитри, но со цели 12% под нивото од 2015- година.
На трето место е Шпанија, чие производство се зголемува за 1% до 37,8 милиони хектолитри,.
„Меѓународната лозарска и винарска организација“истакнува дека производството на вино во Јужна Америка е најсилно погодено од лошите временски услови, како Аргентина на пример чие суштинско намалување на производството падна за цели 35% до 8,8 милиони хектолитри, додека производството во Чиле се намали за 21% до 10.1 милиони хектолитри, а во Бразил - пад за цели 50% во однос на минатата година до само 1,4 милиони хектолитри.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





