ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ СО НАЈГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА, ИСЕЛЕНИЦИТЕ ГО БИЛДААТ ПРОИЗВОДСТВОТО: Откријте како работи „Пекабеско“ во Бизнис муабети
Објавено во: Економија 27 Декември, 2024
Во последното издание на Бизнис муабети за 2024 година, на фактор.мк ни гостуваат Анатол и Марко Кутревски, вториот и третиот извршен директор на Пекабеско.
Двајцата откриваат многу тајни од работењето на компанијата, но и тоа како се станува успешен со напорна работа.
„Пекабеско“ е компанија која постои речиси половина век во Македонија.
Компанијата е извозно ориентирана, половина од производство е за извоз, половина за дома.
Според последните бројки, „Пекабеско“ е со годишен обрт од над 90 милиони евра и профит пред оданочување од скоро 2,5 милиони евра.
Откриваат дека најдобри месеци им се од јуни до ноември, затоа што на Балканот во тој период има повеќе луѓе, заради враќањето на иселениците.
Откриваат дека просечната плата што ја исплаќаат на вработените е колку што е просечната во државата, односно околу 42 илјади денари.
Анатол и Марко откриваат колку дневно се произведуваат сувомеснати производи, кога е пикот на потрошувачка, како се прави паштета и многу други интересни информации.
За идните планови на Пекабеско, гледајте денес во Бизнис муабети на фактор.мк.