28 Декември, 2024
0.0400

ЈА СЛЕДЕА КОНТРОВЕРЗИ ОКОЛУ ДИПЛОМАТА, ДАЛИ Е СООДВЕТНА ЗА ФУНКЦИЈАТА - Миликије Халими не е повеќе директорка на државното АД „Аеродроми“

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Миликије Халими, околу која се испреплете голема контроверзност за тоа дали ги има потребните квалификации за таа позиција, не е повеќе директорка на државното акционерско друштво „Аеродроми на РСМ“.

„АД Аеродроми на РСМ иврши промена во органите на управување. Со одлука за разрешување од функцијата претседател на Управниот одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми на РСМ“, се разрешува од функцијата претседател на Управниот одбпор на АД „Аеродроми“ лицето Миликије Халими, и се отповикува како член на УО кој го носи називот Генерален директор на друштвото.

Со одлука за избор на в.д. претседател на УП на АД „Аеродроми на РСМ“ за в.д претседател на УО се избиора лицето Игор Трајановски“, се вели во објавата од компанијата на Макледонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Миликије Халими беше поранешна градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а на крајот на октомври минатата година, беше назначена за нов извршен директор на државната компанија „Аеродроми на РСМ“. Таа ја преземе функцијата од Трајче Ангеловски.

Именувањето на Халими доаѓа откако до Надзорниот одбор беше доставена препорака без дополнително образложение со која се сугерира смена на Ангеловски и именување на Халими. За Халими се пишуваше дека стапила во Царинската управа како инспектор за истраги за економски криминал. Сепак, медиумските извештаи ја истакнаа загриженоста во врска со нејзиниот недостаток на потребни образовни квалификации за таква позиција.

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски тогаш, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Миликије Халими е назначена за генерална директорка на АД „Аеродроми на Северна Македонија“ од страна на надзорниот одбор и е избрана врз основа на критериумите коишто ги има јавното претпријатие. 

„Таа е избрана од страна на надзорниот одбор и врз основа на критериуми коишто ги има јавното претпријатие за аеродромски услуги, кое е сепак едно мало претпријатие. Избрана е и врз основа на универзитетска диплома што таму ја има поднесено“, рече Ковачевски.

На следното прашање дека Халими сепак е предлог на Владата, Ковачевски одговори дека тоа е направено врз основа на универзитетска диплома која ја има, а која, како што рече, ја имаат и други функционери кои извршуваат пратенички функции.

На фејсбук-профилот на Миликије Халими можеше да се види дека во периодот од 2002 до 2006 година студирала на Педагошкиот факултет во Скопје.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО отвори предмет по тврдењата на Мицкоски дека службите го следеле него и семејството

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО отвори предмет по тврдењата на Мицкоски дека службите го следеле него и семејството

ОЈО ПО ИЗЈАВАТА НА ТОШКОВСКИ: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

ОЈО ПО ИЗЈАВАТА НА ТОШКОВСКИ: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура

ДУИ незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот што го отстрани албанското знаме

ДУИ незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот што го отстрани албанското знаме

„Оставам на обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали ќе преземат мерки“: Мицкоски за следењето

„Оставам на обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали ќе преземат мерки“: Мицкоски за следењето

Опожарени два контејнери во центарот на Скопје

Опожарени два контејнери во центарот на Скопје

Тошковски се чуди зошто не е одреден притвор за Васко Ковачевски

Тошковски се чуди зошто не е одреден притвор за Васко Ковачевски