28 Декември, 2024
0.0298

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија

Објавено во: Економија 27 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија. На седницата присуствуваа членовите на Косијата од Министерството за енергетика, Регулаторната комисија за енергетика, како и претставници од енергетските компании како АД ЕСМ, МЕМО ДООЕЛ Скопје, ЕСМ Енергетика, ЕВН ХОМЕ ДООЕЛ и ТЕ-ТО АД Скопје.

На седницата беа разгледани повеќе теми од значење за електроенергетскиот сектор, со посебен акцент на моменталната состојба на снабдувањето со електрична енергија во земјата. Членовите на Комисијата беа информирани за проблемите со термоелектраните, особено во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. РЕК Битола моментално работи со два блока, со просечна потрошувачка на јаглен од 12.500 t на дневно ниво. Во ТЕЦ Осломеј има недостиг од квалитетен јаглен. Како резултат на работата на претходното раководство и користењето на јаглен со лош квалитет направен е прекин на работата на овој производствен капацитет. Поради тоа, за ТЕЦ Осломеј е објавен оглас за набавка на 400.000 тони јаглен, кои треба да пристигнат на депонија за да може да се стартува со работа.

Покрај тоа, беше претставена и актуелната состојба на хидроакумулациите, кои се на ниво од 10% на капацитет, што е значително под повеќегодишниот просек за овој период од годината. Ваквата состојба, заедно со можните исклучувања во термоелектраните, предизвикува сериозна загриженост за стабилноста на електричната мрежа во земјата, особено во зимскиот период, кога се очекува поголема потрошувачка на енергија.

Ситуацијата во југозападниот дел на земјата внимателно се анализира и набљудува, каде што постои ризик од преоптоварување на електропреносната мрежа во случај на нерасположливост на клучни блокови во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј и можноста од појава на обилни врнежи од снег. Меѓу другото, се анализираат различни сценарија за избегнување на различни можни кризни ситуации кои се карактеристични за овој период од годината, како и заштитни мерки, но состојбата во континуитет се следи.

Во рамки на седницата беа разгледани и прашањата поврзани со пазарот на електрична енергија. Во ноември 2024 година, просечната цена на енергијата на пазарот во РСМ изнесуваше 165 евра/MWh, што е приближно во рамките на цените во регионот. За јануари 2025 година се очекува зголемена потрошувачка и потреба од дополнителни набавки, особено за ЕВН Хоме, чие годишно потрошувачко ниво е зголемено во однос на минатата година.

Во обид да се обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија во текот на зимскиот период, МЕПСО, заедно со други релевантни институции и компании, презема мерки за подобрување на инфраструктурата и надминување на дефектите во системот. Особено важен проект е поставувањето на новиот трансформатор во ТС Битола 2, кој се очекува да помогне во стабилизацијата на снабдувањето во регионот.

Седницата на Комисијата беше важен чекор во координирањето на мерките за стабилизирање на електроенергетскиот сектор, кој во текот на зимата е изложен на поголеми ризици поради зголемената потрошувачка и можни временски непогоди.

Комисијата ќе продолжи со редовни состаноци и анализи, особено во периоди на зголемени оптоварувања на енергетскиот систем, со цел да се идентификуваат потенцијалните ризици и да се предложат мерки за нивно навремено адресирање.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

„ГОЛЕМИТЕ“ СО „ГОЛЕМИТЕ“ - во следните три години „Макпетрол“ ќе набавува нафтени деривати од ОКТА

„ГОЛЕМИТЕ“ СО „ГОЛЕМИТЕ“ - во следните три години „Макпетрол“ ќе набавува нафтени деривати од ОКТА

СРБИТЕ ЗАРАБОТУВААТ 157 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД НАС: Македонија на дното со платите

СРБИТЕ ЗАРАБОТУВААТ 157 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД НАС: Македонија на дното со платите

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ СО НАЈГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА, ИСЕЛЕНИЦИТЕ ГО БИЛДААТ ПРОИЗВОДСТВОТО: Откријте како работи „Пекабеско“ во Бизнис муабети

ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ СО НАЈГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА, ИСЕЛЕНИЦИТЕ ГО БИЛДААТ ПРОИЗВОДСТВОТО: Откријте како работи „Пекабеско“ во Бизнис муабети

Зошто тој што купуваше сега ги продаде и кој ги купи акциите на „Македонијатурист“ за 2,7 милиони евра?

Зошто тој што купуваше сега ги продаде и кој ги купи акциите на „Македонијатурист“ за 2,7 милиони евра?

ИТНО СЕ ПОВЕКУВА ПРОИЗВОД НА ЗАРА ВО СРБИЈА: Постои ризик од повреди

ИТНО СЕ ПОВЕКУВА ПРОИЗВОД НА ЗАРА ВО СРБИЈА: Постои ризик од повреди