ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија
Објавено во: Економија 27 Декември, 2024
Стапката на невработеност во Словенија е највисока во последните речиси четири години.
Стапката на невработеност според Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Словенија во ноември се зголеми седми месец по ред на највисоко ниво од почетокот на 2021 година, покажаа денешните прелиминарни податоци на Заводот за статистика на Република Словенија. Стапката на невработеност се искачи на 5,2 од 4,9 проценти во октомври. Стапката беше највисока од февруари 2021 година, кога изнесуваше 5,4 отсто, пренесе ДПА. Во ноември лани стапката на невработеност изнесуваше 3,5 проценти. Во Словенија во ноември имало 54.000 невработени од возрасната група од 15 до 74 години.
foto /EyeEm