НОВОГОДИШНИ „ПАКЕТЧИЊА“ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО „МАКПЕТРОЛ“ - сите се офајдија со по 500 евра
Објавено во: Економија 27 Декември, 2024
„Имајќи ги предвид залагањата на вработените за извршување на работните обврски, а по повод Новогодишните празници, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје, објавува дека на своите вработени им исплати новогодишен надоместок во нето износ од 30.000 денари. Грижата за вработените е значајна за успешноста на Друштвото на долг рок и претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ А.Д. - Скопје“, се вели во објавата како ценовно чувствителна информација на Берзата.
Во првите девет месеци од годинава „Макпетрол“ имаше одличен Биланс на успех.
Односно, македонскиот нафтен гигант во периодот од јануари заклучно со септември годинава оствари оперативни приходи од над 377 милиони евра, или прецизно 377,2 милиони.
Чистиот профит, пак, е одлични 13 милиони евра за трите квартали, бележејќи и солиден пораст од 18 проценти.
Н.Н.Ф.