ДОЛГОГОДИШНИОТ ДИРЕКТОР ОСТАНУВА НА КОРМИЛОТО НА ТТК БАНКА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - НБМ даде согласност за Драгољуб Арсовски
Објавено во: Финансии 26 Декември, 2024 14:35
„Ве известуваме дека, со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија бр. 15-34165/9 од 25 декември 2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.
Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката 02-7540/5 од 30.9.2024 година со која проф. д-р Драгољуб Арсовски е повторно именуван (реизбран) за член, тој исто така е избран и за Претседател на Управниот одбор - Генерален извршен директор на ТТК Банка АД Скопје“, се векли во соопштението од ТТК Банка.
Како што веќе објави Фактор, ТТК Банка спаѓа во рангот на малите но успешни банки, а на крајот на септември 2024 година имала актива од 160 милиони евра.
Банката е една од најуспешните мали банки, секогаш остварува високи добивки, и таа е всушност креаторот на финансиската моќ на нејзиниот главен акционер, тетовксииот комбинат Тетекс, кој во ТТК банка има сопственост од над 41 отсто.
Инаку, на почетокот на минатиот месец, Собранието на акционери на банката ги именувало Бобан Гоговски, Драгица Јовановска, Евгенија Трпоска, Михаил Петковски и Албион Риза, за членови на Надзорниот одбор на ТТК банка.
Н.Н.Ф
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





