ГОДИШЕН ОДМОР: Им треба на сите за да не се соочат со синдром на прегорување
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024 07:23
Одмор им треба на сите луѓе, независно дали се вработени или невработени. Тој е потребен за да си ја обновиме енергијата и да се подготвиме за новите предизвици кои нè чекаат секој ден. Според психолозите, мора да си дадеме оддишка за да не дојдеме во состојба да се соочиме со синдром на прегорување. Одморот посебно им е потребен на луѓето кои се занимаваат со стресни професии.
„Човекот по природа е активно битие на кое му треба движење, работа и смисла за своето постоење. Работата е извор за основна животна егзистенција па така сакале или не сакале, за да преживееме мора да заработуваме. Постојат различни видови на работа и според степенот на умор, стрес, ризици и тешкотии при работењето така се одредува одморот кој ни е потребен. Секому е потребен одмор и оддишка дури и на оние кои се со статус невработени. Самиот стресен начин на живот, предизвиците со кои се соочуваме секојдневно, многуте обврски во домот и надвор од него, работни ангажмани и слично, се повеќе и од доволни причини дека мора да запреме и да одмориме барем на кратко. Со тоа ќе си ја повратиме енергијата, полнејќи ги батериите за повторно да можеме да му се вратиме на секојдневието. Постои термин синдром на прегорување или синдром на работна исцрпеност кој означува дека поради големо количество на стрес, исцрпеност и замор од работењето се јавува состојба на емоционална, психичка и физичка исцрпеност. Оваа состојба се манифестира со намалена концентрација, неможност успешно да се одговори на работните задачи. Синдромот на работна исцрпеност најмногу се појавува кај социјалните работници, здравствените професионалци и професорите, но постои во секоја професија и на секое работно место“, вели Наталија Наумовска, психолог.
Таа додава дека препораката е секој доколку може да си дозволи да го искористи годишниот одмор, опуштајќи се на начин на кој најмногу му одговара.
„Одморот не мора да биде скапо патување или посета на друга земја, може де биде обиколка на неколку убави природни убавини што се наоѓаат во нашата земја, кампување на некое излетничко место, посета на крајбрежните одморалишта на нашите природни езера, престој во планина итн. Според можностите и планираниот буџет секој од нас треба да си го испланира сопствениот одмор и начинот на кој ќе го искористи. Најважно е да не заборавиме секојдневно да земаме пауза неколкупати во текот на денот бидејќи одморот ни е потребен секогаш поради физичкиот и психичкиот замор“, додава Наумовска.
Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), дел од населението не патува поради немање финансии, деловни причини, здравствени проблеми, има и такви кои изјавиле дека немаат потреба од одмор, но има и луѓе кои живеат во туристички места и не патуваат на друга дестинација за да се одморат или ги спречила некоја сосема друга причина. Немањето финансии е најчест фактор поради кој луѓето не одат на одмор. Повеќедетните семејства и издржуваните лица кои зависат од друг член на семејството имаат потешкотии да заминат на одмор.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




