13 Декември, 2025
0.0817

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2025 12:47

Добивај вести на Viber

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) ја одржа Четвртата годишна конференција за здравство, под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, која оваа година беше посветена на потребата од конкретни и навремени чекори за поефикасно и подготвено здравство.

„Од самиот почеток, нашата цел беше да создадеме платформа за континуиран дијалог меѓу институциите, индустријата, академијата и пациентите. Денес, по четири години, време е тој дијалог да се претвори во резултати. Навремената акција е клучот – затоа што токму времето најчесто го губиме во процедури и одложувања, а токму навремената реакција прави разлика меѓу успех и застој, доверба и недоверба во системот“ изјави Јелена Арсовска, извршна директорка на АмЧам Северна Македонија, нагласувајќи дека оваа година темата на конференцијата претставува повик кон конкретни чекори и мерливи промени во здравството.

Главното излагање го одржа д-р Пракаш Џеј од Универзитетот во Тексас (САД), кој зборуваше за иновациите и технологиите што ќе го обликуваат здравството во следната деценија. Истакнувајќи дека пациентите се сменија, но не и здравствените системи, укажа дека иднината на здравството ќе зависи од способноста на институциите да се прилагодат на новата реалност. Според него, дигитализацијата и технологијата сами по себе нема да го поправат здравствениот систем, туку вистинската трансформација мора да произлезе во комбинација од нови лидерски начини на размислување, јасно воспоставена одговорност и соработка меѓу различните сектори.

На панел-дискусијата „Кога системот се соочува со тешкотии – претворање на предизвиците во промени“, министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, заедно со Александра Ивановска од фармацевтската компанија РОШ и Ана Марјановиќ од пациентската организација ХЕМА-ОНКО, дискутираа за начини на трансформација на системот од реактивен кон проактивен модел на управување. Тие истакнаа дека здравствениот систем се соочува со реални предизвици кои бараат многу повеќе работа и одлучност, нагласувајќи дека следниот период мора да биде фокусиран на зајакната одговорност на сите нивоа, подобра ефикасност и испорачани резултати - со цел системот да стане поагилен и поуслужен кон граѓаните.

Двата следни панели ја продлабочија дискусијата за ефикасноста и современото управување во здравството, ставајќи акцент на пристапот до здравствени услуги, лекови и податоци. Панелистите укажаа дека подобрувањето на координацијата, децентрализацијата и дигиталната поврзаност на системот се неопходни чекори за да се намалат јазовите во пристапот и одлучувањето. Во духот на клучната порака на конференцијата, беше истакнато дека навремената акција и стратешкото делување се основа за систем што не реагира само на проблеми, туку превентивно делува и навистина испорачува резултати за пациентите.

Годинава, во рамките на конференцијата беше отворена и тема за улогата на медиумите и јавноста во унапредувањето на здравствениот систем, со акцент на потребата од транспарентност, пристап до информации и градење доверба меѓу институциите, медиумските професионалци и граѓаните.

Во завршниот дел на конференцијата беше одржан панелот „Препораки за подобрување во годината што следи“, чија цел беше да поттикне конкретни заложби и мерливи чекори од сите засегнати страни во здравствениот систем.

Како подготвителна активност за овој панел, АмЧам организираше интерактивна работилница во форматот „World Café“, на која претставници од институциите, академијата, индустријата и меѓународните организации работеа во групи за да идентификуваат приоритетни мерки и области за дејствување. Резултатите од оваа работилница беа презентирани и дискутирани на конференцијата, како основа за дефинирање на заедничка патека за следната фаза од реформите.

Со оваа конференција, АмЧам уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што поттикнува соработка, консензус и конкретна акција, обединувајќи ги институциите, бизнис-заедницата и експертите околу заедничка цел — здравствен систем кој учи, се прилагодува и испорачува резултати за граѓаните.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија