07 Октомври, 2024
0.0265

Годишна листа на Форбс: Минчо Јорданов ја доби титулата најбогат Македонец по трет пат!

Објавено во: Економија 30 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Во светот има многу милионери, а верувајте ги има и на Балканот па и во Македонија.

И оваа година титулата најбогат Македонец отиде во рацете на Минчо Јорданов.

Според Форбс, најбогат Македонец е Минчо Јорданов со богатство од 26,4 милиони евра.

minco-jardanov-banskoliev-(

Минчо Јорданов e човекот кој годинава беше рангиран прв на листата на најбогатите Македонци која редовно ја подготвува магазинот „Форбс“, а е и на листата на 100-те најбогати на Балканот. Неговото богатство се проценува на 35 милиони евра, а неговите  бизниси се протегаат на повеќе фронтови -од металуршката, па се од винската, здравствената и медиумската индустрија.

Најважен извор на неговите приходи е компанијата „Макстил“, а во сопственост на Јорданов е и клиниката „Ремедика“, ракометниот клуб „Металург“ и винаријата „Стоби“. Во градежната фирма „АД Бетон“ поседува акции во вредност од 2,4 милиони евра. „АД Бетон“учествуваше во изградбата на повеќе поголеи објекти од контроверзниот владин проект „Скопје 2014“. Во винаријата „Стоби“ Јорданов инвестираше 20 милиони евра. Неговото богатство содржи и кланица и повеќе од 4.000 хектари земја.

Јорданов беше член во Економскиот советот на премиерот Љубчо Георгиевски, а потоа и вицепремиер во Владата на СДСМ кога премиер беше Владо Бучковски.

Заедно со Бучковски и со новинарот Љупчо Зиков (косопственик и управител на неделникот „Капитал“ каде што сопственост има и Јорданов) ја формираа Алијансата за позитивна Македонија, која доживеа пораз на парламентарните избори во земјава во април 2014 година.

Минчо Јорданов е роден во Штип на 1 јули 1944 година. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград 1968 година. Зборува руски и англиски јазик.

Најбогат човек во Македонија моментално е Минчо Јорданов, убедени се и познавачите на состојбите на нашиот пазар на капитал. Само капиталот на Јорданов во „Макстил“ се проценува најмалку на 30-ина милиони евра. Мнозински акционер во „Макстил“ е швајцарската компанија „Дуферко скоп инвестмент лимитед“. Според податоците од Централниот депозитар, до почетокот на март 008 година „Дуферко“ поседувал 62,40 отсто од капиталот на „Макстил“. Неофицијално, нашите медиуми во неколку наврати тврдеа дека на Јорданов му припаѓа најмалку половина од учеството на швајцарската компанија во „Макстил“. Тој никогаш не го демантирал ова. Според тоа, кога учеството на Минчо Јорданов би изнесувало 31,2 отсто од вкупно издадените акции на челичарницата, 14.622.943 - вредноста на неговиот капитал би изнесувала 35,163 милиони евра за неговите 4.562.358 акции. Вредноста се добива кога претпоставениот вкупен број хартии од вредност на Јорданов ќе се помножат со 474 денари, просечна цена на акција на „Макстил“. Сепак, тоа не е конечниот имот што го поседува Минчо Јорданов во „Макстил“. Тој се јавува во челичарницата, во која, инаку, е претседател на Одборот на директори, како акционер и преку капиталното учество на компанијата „Репро 1 лимитед“, која според Централниот депозитар поседува 15,46 отсто од најголемиот македонски извозник.

Преку истата компанија Јорданов поседува и дел од градежната компанија „Бетон“ во која „Репро 1 лимитед“ има 24,51 отсто од акциите. Минчо Јорданов е акционер и во „Дуферко“, каде што влезе по успешната кариера во „Технометал – Вардар“ како претставник на македонско-југословенската метална индустрија во источниот блок. Според Централниот депозитар, Јорданов денеска преку своето капитално учество во „Макстил“, „Репро 1 лимитед“ или лично, поседува акции и во „Факом“, РЖ „Интер трансшпед“, РЖ „Економика“, РЖ КПОР... Ја поседува и клиниката „Ремедика“, а неодамна инвестираше и во земјоделството и сточарството. Купувајќи го земјоделскиот комбинат „Вардар“ од Градско, стана газда на 5.592 хектари земјиште, лозови насади, овоштарници, оранжерии и на над 3.000 грла овци. Поседува пасишта и во Малореканскиот регион.

Второто место му припаѓа на првиот човек на Макпетрол, Андреј Јосифовски со 22,5 милиони евра во акции. Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“, според богатството се доближува до Јорданов. Јосифовски преку фирмата-ќерка на „Макпетрол“, „Оилко“, според „Форбс“ ги контролирал најголемиот дел од акциите во компанијата кои лани на Берза вределе 5,4 милиони евра.

andreja-josifovski

Според рангирањето на угледниот Форбс првите три места на годинешнава листа на најбогатите бизнисмени во регионот ги држат тројца Хрвати, Ивица Тодориќ, Бранко Роглиќ и Емил Тедески.

fоrbesS1_839121S1

Според Форбс за најбогат на Балканот е сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ. Неговото богатство се проценува на 581,8 милиони евра. Во неговата фирма работат повеке од 30 илијади луѓе .

Ивица Тодориќ е сопственик на Агрокор, Бранко Роглиќ е сопственик на компанија за дистрибуција Орбико и Емил Тедески, сопственик на Атлантик Груп. На четвртото место се враќа бизнисменот од Србија Мирослав Мишковиќ.

Мишковиќ се врати на врвот на топ листата во Србија со 463,7 милиони евра приходи од Делта холдинг, а Миодраг Костиќ, кој лани беше прв и неговата MK Група потона за 20 отсто.

Второто место во Србија, го делат Саша Глушац, Ивица Вукелиќ и Велибор Ѓуровиќ, ко-сопствениците на  Autoritas инвестиции од Нови Сад, чиј приход изнесува 369,4 милиони евра.

На врвот на листата на најбогатите бизнисмени во Словенија се Иза и Само Логин, брачна двојка, сопственици на компанијата Outfit7, специјализирана за мобилни апликации, која има приходи од 617,2 милиони евра. Брачниот пар го надмина и Санди Чешка, сопственик на телемаркетинг компанијата Студио Модерна, која минатата година беше прв имаше приход од 390,7 милиони евра.

Препораки на Светската банка

Нема капитализам без капиталисти. Вака високи претставници на Светска банка им ја илустрирале на македонските власти препораката нашите стопанственици да не го прикриваат стекнатиот имотот пред институциите и јавноста.

Бизнисмените во Македонија не сакаат јавно да говорат ниту да го покажуваат својот стекнат имот. Велат дека се чувствуваат ранливи на притисоците што им ги вршат властите и медиумите. Годишните листи на најбогати бизнисмени во светот, што ги составува угледното списание „Форбс“ и поновите, во Југоисточна Европа, со голем интерес ги читаат, но прашањата за нивното богатството ги сфаќаат како атак на приватноста или провокација со задна намера.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип