Годишница од „Олуја“, Хрватска слави, Србите бараат извинување од Колинда
Објавено во: Балкан 03 Август, 2018
Во Хрватска веќе започна прославата на годишнината од воената акција „Олуја“, во која беа протерани 220. 000 Срби, а убиени околу 2. 000.
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ по повод 23 годишнината од оваа воена акција, ги одликува генералите Анте Готовина и Младен Маркач, кои во 1995 година ја предводеа „Олуја“, во која биле вклучени 138.500 припадници на хрватската војска, наспроти 31. 000 српски војници.
Додека српските власти бараат од Колинда извинување за овој геноцид како што тие го нарекуваат, од неа не добија конкретен одговор, туку таа одлучи да ги одликува генералите, поради кои оваа акција била успешно завршена.
Од друга страна, аналитичарот Бранко Радун истакнал дека Србите во Хрватска 23 години по „Олуја“ живејат како Евреи во Варшавско гето. Според него, тоа што се случи во 1995 година е „етничко чистење со елементи на геноцид, но никако брилијантн воена акција и триумф на хрватската војска“.
Радун смета дека благодарение на израелскиот претседател светот дозна за Јасеновац.
„Јасеновац и е најпознат на светската јавност. Кога претседателот на Израел ќе каже дека тој е балканскиот Аушвиц, тоа не е мала работа. Овој историски настан има голема тежина и политичарите треба почесто за тоа да зборуваат“, истакнал Радун.