ГОЛЕМ БРОЈ БОЛНИ ОД КОВИД МОРА ДА СЕ ХОСПИТАЛИЗИРААТ: Во ГОБ „8 Септември“ и во Ковид-центарот Козле итно да се зголемат болничките капацитети
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020
На утринскиот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, по алармантната епидемиолошка состојба во земјава, кога само за три дена починаа 45 болни од вирусот, и се хоспитализирани речиси 600-пациенти, членовите велат итно да се отворат уште две дополнителни одделенија во ГОБ „8 Септември“, како и да се стават во функција уште болнички капацитети во Ковид-центарот „Козле“
-Сметаме дека епидемиолошката состојба е многу алармантна, особено поради фактот дека е се поголем бројот на пациенти за кои е неопходна хоспитализација, па заради тоа сметаме дека мора веднаш да се стават во функција уѕште две одделенија во ГОБ „8 Септември“ за ковид-пациенти, а исто така да се зголеми и капацитетот во Ковид-центарот Козле. Исто така сметаме дека веднаш треба да асе стави во функција и лабораторијата за ПЦР-тестови во Козле и да се зголеми бројот на тестирања, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор.
Оттаму истакнуваат дека во овој момент од исклучителна важност се и брзите тестови, кои треба да пристигнат денеска. Станува збор за 4.000 дози, а здравствените власти очекуваат до крајот на неделава, евентуално од почетокот на следната веќе да може да почнат граѓаните да се тестираат во Поликлиниката „Ѓорче Петров“.
Инаку, за сега сметаат дека не се потребни најстрогите рестриктивни, односно полициски час, напоменувајќи дека ако се почитуваат досегашните предложени мерки, дека епидемиолошката состојба ќе биде стабилна.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.