18 Јануари, 2025
0.0561

ГОЛЕМ ОГЛАС: 25 АЛБАНЦИ, ПО ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНЦИ И ТУРЦИ, ТРОЈЦА РОМИ.... - еве какви кадри се бараат во УЈП и колкави плати ќе земаат

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Нови вработувања ќе има во Управата за јавни приходи. Во даночната администррација на земјава ќе се примат дури 40 нови луѓе.

Пред неколку дена Агенцијата за администрација распишала оглас за вработување на 40 нови службеници во УЈП.

Се бараат најразлични профили на кадри - асистенти, соработници, референти..., а нивните плати главо ќе бидат или 30.037 денари, или 33.332 денари, иако за некои вработувања се предвидени и нешто пониски месечни примања, но тие работни места се значително помалку на број.

Од овие 40 вработувања, за 25 работни места како услов во огласите е наведено дека треба да бидат Албанци по националност. 

Се објаснува дека тоа е предвидено согласно годишнот плн на институцијата што вработува, односно Управата за јавни приходи. 

Потоа, четворица од оние што ќе се примаат ќе бидат Македонци, а четворица Турци според својата етничка припадност. Тројца од нововработените се педвидува да се Роми, двајца Срби, еден Бошњак и еден од друга националност.  

Онака како што е наведено во огласот, ќе се прима еден помлад асистент за модернизација. Неговата плата ќе биде нешто над 30 илјади денари, или прецизно 30.037 денари. Нивото на квалификации треба да му биде високо образование од областа на правните или економските науки, а може да биде со или без работно искуство во струката. Согласно застапеноста на кадри според националноста, тој треба да биде Албанец.

Предвидено е да се вработи и еден помлад асистент за управување со ризик кај усогласеноста. За да се поријави лицето за оваа работа треба да биде дипломиран економист,со или без работно искуство во струката. Ќе има плата од нешто над 30 илјади денари, и исто така треба да биде Албанец според етничката припадност.

За истата таа плата ќе работи и помладиот асистент за персонален данок на доход, кој треба да има високо образование од областа на економските и правните науки, или пак организациони науки и управување, односно менаџмент, со или без работно искуство во струката. Согласно планот, според етничката застапеност тој треба да биде Бошњак.

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

УЈП ќе прими и двајца помлади асистенти за прием, контрола и обработка на предмети, со високо образованбие од областа на филозофијата, правни и органиозациски науки и менаџмент, со или без работно искуство во струката. Ќе бидат Албанци и ќе земаат над 30 илјади денари.

Во даночната администрација на земјава ќе работат и двајца помлади референти за општи и заеднички работи, кои треба да имаат средно образование или гимназија, а не мора да имаат ниту работно искуство во струката. На овие две места ќе се примат еден Албанец и еден Ром, а ќе земаат плати од по не 13.851 денари.

УЈП преку огласот бара и помлад асистент за наплата на долгови, со економски или правен факултет, а може и да нема искуство во струката. Треба да биде Албанец, а ќе зема плата над 30 илјади денари.

Оваа институција преку огласот бара и еден даночен контролор, кој треба да има вишо или средно образование, и најмалку една година работно искуство во струката. Тој исто така треба да биде Албанец, а за него е предвидена плата од 28.320 денари.

УЈП бара и еден асистент за услуги на даночни обврзници. Треба да има економски, правен или факултет за туризам, но да исполнува и други критериуми. Неговата плата ќе биде повисока, 33.322 денари. Согласно годишниот план на институцијата, тој треба да биде Македонец по националност.

Во УЈП работа ќе најде и самостоен даночен референт за услуги на даночни обврзници, кој ќе зема плата од 24 илјди денари, а по етничка припадност треба да биде Србин.

Вработување ќе има и за самостоен даночен референт за регистрација на даночни обврзници - физички лица, со средно образование и три години работно искуство, чија плата ќе биде 24 илјади денари, а ќе биде Македонец.

Потоа, се бара и помлад асистент за утврдување на даноци на даночни обврзници - физички лица,со платаод нешто над 30 илјади денари, а според планот по националност треба да биде Албанец,

Се бараат и други профили на кадри, а целиот оглас на УЈП е на следниов линк.

Инаку, во мај минатата година Фактор објави дека Управата за јавни приходи склучила договор со приватната Агенција за вработување Партнер, вреден речиси 440.000 евра.

Тогаш од УЈП за Фактор изјавија дека тој договор се однесува на вработувања кои треба да завршат до крајот на минатата година, и според него требало да се вработат 33 лица, а за нив беа отворени позиции по повеќе критериуми.

Инаку, во УЈП и претходно имаше огласи за вработувања.

Во таа институција, според официјалните податоци од Владата, требаше да се распоредат 101 лице кои беа дел од рамковните вработувања односно оние кои не одеа на работа, а беа вработени во јавната администрација.

Дали овој најнов оглас за дури 40 приеми ќе биде дел од вработувањата според програмата на Владата за вработување на рамковно вработените, со оглед што за дури 25-мина е предвидено да бидат Албанци, или, пак, станува збор за други вработувања кои и се потребни на УЈП, одговори ќе дадат од самата даночна администрација.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан