ГОЛЕМ ПОЖАР: Веќе четири дена гори во Мариово
Објавено во: Македонија 04 Септември, 2024 17:39
Четврти ден гори во Мариово. Горат нискостеблести растенија, но има зафатено и борови.
Повеќе од 200 професионалци, припадници на Армијата, на специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми“, пожарникари од повеќе градови, цел ден се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар кој е активен четврти ден. Од изутрината околу селото се распоредени пожарникари од Охрид.
Прилепскиот општински Кризен штаб ги координира акциите. Жителите на мариовското село Бонче поминаа неизвесна ноќ. Во опасност им беа имотите, ама пожарникарите помогнаа и не дозволија да има штети.
„Во селото сме 30-тина жители. Има и деца. Јас бев на првата линија во опасност, зашто мојата куќа е во почетокот на селото. Благодарен сум им на прилепските пожарникари и на пожарникарите од Битола кои не дозволија да ми изгори имотот, а имам и 30 грла добиток. Многу беше тешко. Пожарникарите постојано се на терен“, рече Жарко Маркоски, жител на селото Бонче.
Според директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов кој беше на теренот во Мариово, делови од пожарот се изгаснати, но со топлото време се разгорува онаму каде преку ноќта огнот се стишил. Летово во земјава имаше стотици пожари. Најкритично беше во источниот дел на државата, во Пехчево. (МИА)
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




