20 Декември, 2025
0.1465

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА - пациентите и персоналот се евакуирани, екипите го ставија под контрола

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2025 20:21

Добивај вести на Viber

Голем пожар изби попладнево во скопската наслеба Геге во општина Ѓорче Пeтров, кој подоцна се прошири и кон населбата Бардовци, при што бил зафатен и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци. 

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК) од каде вечерва соопштија дека пожарот е ставен под контрола пожарот, дворот на Психијатриската болница Бардовци, бил обраснат со висока сува трева и дрвја и имало опаснсот да ја зафати и целата болница.

- Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор. 

Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран на пожарот кај Блаце, општина Чучер Сандево - наведуваат од ЦУК. 

Бригадата за противпожарна заштита, како што изјави за МИА командирот Ѕвонко Томевски,  вечерва интервенира во гаснење на пожарот над патот кон ГП „Блаце“ со пет возила и 20 пожарникари,  како и на два пожара во општина Ѓорче, кои се веќе локализирани. 

Томевски прецизираше дека локализирале пожар во Ѓорче Петров кај Бека мебел спроти Лепенц, каде биле зафатени грмушки, сува трева и отпад на поголема површина. Интервенирале со четири возила и 12 пожарникари и како што рече, не може да се шири.  

Во истовреме, посочи, имаше пожар од другата страна на Лепенец кон болницата Бардовци, каде интервениравме со три возила  и седум пожарникари, исто така е локализиран и се работи на догасување.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки