20 Декември, 2025
0.0580

Голем успех на вината на „Тиквеш“ на „Mundus Vini” во Германија

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2023 13:23

Добивај вести на Viber

На пролетното издание на еден од најкредибилните вински натпревари во светот– „Mundus Vini“ 2023, вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domainеs“ освоија една специјална награда, четири златни и две сребрени медали, во силна конкуренција на познати вински брендови од целиот свет.

Највисоки оценки – златен медал и специјална награда „Најдобро црвено вино од Македонија“доби виното „Vranec Luda Mara 2020”. Златен медал освои и новото вино што допрва ќе се најде на пазарот „Babuna red 2021“, во кое доминира сортата плавац мали, како и вината„Terrasse a l’Ombre 2020” и „Domaine Lepovo Grand Cuvѐe 2019”. Со сребрен медал се закитија вината „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“ и „Viognier Bela Voda 2022“.

Високите награди за вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на „Mundus Vini“, покрај потврда за високиот квалитет, се и јасно признание за конкурентноста на овие вина помеѓу светската винска елита. Оценките на вината на овој престижен светски вински собир ги дава меѓународно жири, кое е составено од врвни енолози, сомелиери, вински новинари, експерти и трговци. За успехот на вината дополнително зборува и фактот што согласно критериумите на овој натпревар, најмногу 40% од испратените вина може да добијат награди заради големиот број вина кои се натпреваруваат.

Винарската визба „Тиквеш“ редовно учествува на „Mundus Vini“ и на други реномирани светски вински натпревари и годишно освојува над 100 медали и специјални признанија. Овие награди ја зацврстуваат позицијата на вината на „Тиквеш“ на интернационалните пазари, зголемувајќи ја нивната препознатливост, но истовремено промовирајќи ја и Македонија како винска земја. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии