Големата промена на возила во Кина
Објавено во: Анализа 22 Ноември, 2012 08:30
Денеска сепак Кинезите не се водат во Мерцедеси, туку во Ауди А6. Тоа е официјалното превозно средство на партијата. Барем така беше пред некое време. Ауди минатата година продал околу 300.000 возила во Кина, од кои една петина биле купени од државата. Исто така еве уште еден фасцинантен податок, од околу 230,000 продадени А6-ки во светот половина се продадени во Кина и Хонг Конг. Е тоа се вика пазар за Германците.
Но низ годиниве Кинезите почнаа да си прават и свои автомобили. Верувале или не постојат повеќе од 400 типови на возила кои се произведуваат во Кина. По принципот на купувајте домашни производи во наредниот период владата се повеќе се оринетира кон домашните производители, на сметка на германските великани. Може само да го замислите ударот кој ќе го доживее германската економија со ваквите одлуки.
Впрочем токму квалитетот на произведените возила веројатно ќе биде пресвртна точка за развојот на Кина. Тогаш кога Кина ќе направи квалитетно возила , земјата навистина ќе влезе во групата на големите светски сили.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





