14 Мај, 2024
0.0254

Големи економски предизвици во Австралија

Објавено во: Свет 15 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Откако на изборите во Австралија, конзервативната либерално- национална коалиција ја свои битката со централно-левичарската Лабуристичка партија , сега таа го презема кормилото на управувањето за развојот на економијата на Австралија. Во постојано променливата и иссполнета со предизвици меѓународна средина, новата влада на Австралија ќе треба да донесе тешки одлуки за да го задржи економскиот раст на земјата, анализираат светските медиуми. Еве кои , според MarketWatch , се осумте критични проблемот со кои новата власт мора да се соочи : 1 .Виокиот економски раст на Австралија , најниската невработеност и зголемениот животен стандард е поддржан од зајакнувањето на односите со земјите во развој и најчесто со Кина и Индија , како и со побарувачката на суровини. Но Кина и Индија го забавуваат растот . Дури и стапката на раст да е над оној на развиените земји , промената на двигателите на растот значи дека побарувачката на суровини за производство ќе се намали . Зголемениот капацитет поради агресивните инвестиции во последните неколку години , исто така, негативно ќе се одрази врз економијата, а слабата побарувачка ќе изврши притисок врз цените и обемите . 2 . Бумот во побарувачката на суровини , улогата на Австралија како доставувач за Кина , рејтингот од ААА и релативно високите каматни стапки ја зголемија вредноста на австралискиот долар , но сепак ослабе конкурентноста на производството , трговијата на мало , туризмот , образованието и здравствениот сектор , кои се најголемите работодавци во земјата . 3 . Од 2001 година трговското салдо на Австралија беше ниско поради во рударската индустрија и рекордната трговија. Поради слабата застапеност на извозот , дефицитот во тековната сметка на земјата , кој во моментов е околу 3-4 % од бруто домашниот производ ( БДП ) , е многу веројатно да расте , зголемувајќи ја зависноста од меѓународно финансирање . 4 . Јавните финансии се влошуваат поради силниот раст во секторот на суровините и послабата домашна побарувачка . Наплатата на приходите е исто така лоша , што може да доведе до хронични буџетски дефицити . 5 . Додека сега е добро капитализиран , австралискиот банкарски систем има исклучително голема изложеност кон домашната економија и пазарот на домување , кој според последните пресметки е преценет. И помал пад на цените , зголемување на невработеноста и намалувањето на приходите можат да го направат ранлив финансискиот систем. 6 . Структурата на трошоците за работна сила варира. Минимална надница е околу 16 австралиски долари на час , во споредба со САД , каде што е 7-8 австралиски долари , или Кина - 1-2 австралиски долари на час . На австралиските инженери се плаќа околу 170 долари на час , во САД - 132 долари , во Велика Британија - 129 долари , а во Јапонија - 77 . Во последната деценија платата во рударството се зголеми за 250 % . Продуктивноста на трудот сеуште не се подобрува . 7 . Политичките обиди за ребаланс на економијата имаа делумен успех . Централната банка на Австралија ја намали референтната каматна стапка до 2,5 отсто , со цел да се стимулира потрошувачката и станбениот сектор , како и да ја девалвира својата валута . Денес ниските каматни стапки имаат делумен успех во резиденцијалниот сектор , кредитната активност , потрошувачката , инвестициите , вработеноста и раст на довербата на потрошувачите. Ако се земе во предвид дека Австралија е увозник на готови производи , слабата валута ќе ја зголеми нивната цена , ќе ја намали куповната моќ и ќе ја ослаби потрошувачката . 8 . Искуството на Австралија да се преориентираат кон пазарот во Азија е лошо . Откако бумот во побарувачката на суровини и растот на рударството забавија, Австралија веќе сака да продава храна, образование , здравствена заштита и финансиски услуги на Азија , како и да привлекува туристи од континентот. Но и Азија се соочува со своите предизвици. Австралиската стратегија за Азија , исто така страда поради партнерството со САД во однос на политиките и безбедноста . Бумот во рударската индустрија помогна за одржување на приходите и куповната моќ , а Австралија извлече полза од своите ресурси. Австралија може да изгуби значителен дел од приходите од екстракција на ресурси , бидејќи приходите ќе доаѓаат главно од потрошувачката . Во интервјуто во декември 2012 година , Гувернерот на Централната банка на Австралија беше запрашан дали економскиот раст ќе се задржи , ако се скратат инвестициите во рударската индустрија . „Секогаш ми го поставуваат ова прашање - Каде ќе дојде растот ? И тој речиси секогаш доаѓа . ", вели Гувернерот.

Можеби ќе ве интересира

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?