Големи попусти во Скопје Сити Мол и шопинг до полноќ!
Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2013 18:48
По примерот на сите големи светски шопинг центри и Скопје Сити Мол за прв пат овој петок организира полноќен шопинг.
Според најавите во продавниците во трговскиот центар веќе се формираат намалени цени и попусти за утре вечер со што на посетителите ќе им овозможат одлични изненадувања.
Така работното време на Сити Мол ќе биде продолжено за два часа, односно вратите на центрот наместо во 10 часот, ќе се затворат на полноќ. Оттаму повикаа сите оние кои ќе се одлучат да ја искористат оваа единствена можност да уживаат во купувањето во своите омилени продавници, по намалени цени до доцна во ноќта.
Покрај специјалните понуди и попусти, посетителите ќе можат и да се забавуваат со музика од ДЈ-ите на Антена 5 радио, а планирани се многу изненадувања, подароци, коктел забава, можност за дружење со естрадни ѕвезди.
Настанот е своевидна најава на почетокот на сезоната на попусти како и можност пред летните одмори, посочуваат од Скопје Сити Мол.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





