Големи штети врз земјоделските производи
Објавено во: Агробизнис 07 Февруари, 2015 08:52
Поплавите што изминатите денови го зафатија источниот регион од земјава предизвикаа сериозни штети во земјоделството. Многу површини со житарици, градинарски и овошни култури се комплетно уништени. Во критичните региони поплавите ги уништија и фармите, а дел од добитокот е изумрен. Земјоделците од овој регион велат дека најмногу штети поплавите предизвикале во лакавичкиот регион, каде посевите се стопроцентно инуштени.
-После поројните дождови состојбата навистина катастрофална. Некои ниви практично и не постојат веќе и на овој простор сите фарми што беа се униуштени, поплавени и дел од добитокот е изумрен, што значи последиците се навистина катастрофални. Нивите од лево и од десно на коритото на реката Крива Лакавица веќе не постојат, бидејќи се однесени а во поширокиот дел се поплавени. Што ќе биде не знаеме, од овошатрството и градинарството што беше посадено нема да има ништо, а житариците како ќе бидат треба да почекаме и да видиме.
Во карбинскиот регион исто поплавите беа големи но не беа толку разорни како во лакавичкиот регион. Треба да помине одреден период за да се видат последиците, но штетите се огромни. На нивите во лакавичкиот дел тешко дека ќе може повторно нешто да се сади, оти тие ниви таму не посотојат, однесени се од брзата река и надојдените води, а во карбинскиот дел има некои можности состојбата да се поправи но треба да се вложи многу и средства и труд за да се донесат во првобитната состојба. Во лакавичкиот дел нема што да се намалува, таму производството е уништено, таму веќе нема земјоделство.
Додека во карбинскиот регион може да има нешто, но колкаво ќе биде производството ќе видиме кога ќе се повлече водата за да се види колкави ќе бидат штетите, дали воопшто посевите ги има, дали треба повторно да се сеат или може да се почека. Ако се житни култури може да се поправат, но градинарските култури нема никакви шанси, тоа се е пропаднато. Земјоделците треба да се обештат, но прво треба да видиме колкави се штетите, има и стопроцентно уништени посеви, фарми, добиток, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијација на земјоделци.
Штета врз есенските посеви
Поплавите што изминатиов период ја зафатија Македонија, предизвикаа серозна штета врз есенските посеви. Голем дел од површините со есенска пченица и јачмен во пелагонски и кочанско се под вода. Земјоделците велат дека од поплавените житарици нема да остане ништо.
Оваа година поради времето ништо нема да има, од водата се скапа, нема време ниту кога да се сее. Се е уништено и пченица и јачмен, вели земјоделц од пелагониско
Токму во Пелагонија состојбата со есенската пченица е најкритична. Извесно е дека производството годинава ќе потфрли, а пролетната сеидба нема да почне навреме, велат агроекспертите. Откако ќе се повлече водата ќе се направи проценка дали на тие ниви ќе може повторно да се сади.
-Дефинитивно пролетната седиба ќе задоцни бидејќи не може да влезе во нивите за да се почнат подготовките, а состојбата може и да се влоши бидејќи се најавуваат нови дождови. Да беа временските услови добри, веќе требаше да биде почната седибата на сончогледот, пченката, јачменот, сега се ќе се пролонгира. Ова што сега се случува е многу полошо од тоа што го очекувавме. Само за пример, ако житата се три дена се под вода почнува оштетување на листовите од растението, но после три дена целиот коренов систем скапува. Штетите ќе бидат огромни а лошото е што не можат да се надоместат. Сега требаше да почне прихраната на есенските култури, но не може да се влезе во нивите. Од друга страна постои опасност од појава на болести, штетници. Штом престанат дождовите и кога ќе се повлече водата, треба веднаш да се почне со прскање против плевели и болести, вели Огнен Оровчанец, сопственик на “Агроунија”.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





