18 Декември, 2025
0.0504

ГОЛЕМО ДРЖАВНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД 74 МИЛИОНИ ЕВРА - во игра влегува и тригодишна државна обврзница, еве која е каматната стапка

Објавено во: Финансии 24 Октомври, 2024 11:37

Добивај вести на Viber

Големо државно задолжување од дури 74 милиони евра се случува деновиве. 

Информацијата ја објави Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, информирајќи дека од денеска на берзата ќе котираат три државни обврзници, чија вкупна вредност е 73,8 милиони евра. 

Првата државна обврзница е на сума од 22,66 милиони евра. Таа била издадена на 19 овој месец, а парите ќе треба да ги вратиме после три години, или поточно на истиот датум, во 2027 година. Тоа значи дека после подолг период влегува во игра и тригодишна државна обврзница, а токму заради помалиот рок, каматната стапка е пониска и изнесува 3,95 проценти. Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула.

Втората државна обврзница е на сума од 9,38 милиони евра, и исто така станува збор за државни обврзници без девизна клаузула. Нејзиниот рок на враќање е 15 години, односнио земјава ќе треба да ја отплаќа се до 2039 година, што значи дека станува збор за 15 годишна државна обврзница. Заради подолгиот рок на отплата нејзината каматна стапка е прилично повисока и изнесува 5,6 проценти. 

И третиот дел на државни обврзници се на највисока сума, односно дури 31,72 милиони евра. Исто така станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, кои ќе се вфратат најдоцна до 2039 година, а за користењето на овие пари исто така ќе платиме камата од 5,6 проценти. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми