Голем пад на бројот на говеда, свињи и кози во фармите
Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2013 19:29
Вкупниот број говеда во Македонија во 2012 година во споредба со 2011-та се намалил за 5,3 проценти. Според Државниот завод за статистика, бројот на говеда кај индивидуалните земјоделци е намален за 4,5 проценти, а кај земјоделските претпријатија и задруги има намалување за 29,7 проценти.
Во истиот период бројот на свињите кај деловните субјекти е намален за 23,3 проценти, а кај индивидуалните земјоделски стопанства за 1,8 проценти. Намалување на бројот на овците за 3,4 проценти е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, а кај деловните субјекти бројот е намален за 27,8 проценти.
Статистика регистрира намалување и на бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства за 12 проценти, а кај деловните субјекти за 48,1 процент.
Бројот на живината кај индивидуалните земјоделски стопанства во 2012 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 0,4 проценти, но кај деловните субјекти е намален за 26,6 проценти.
Вкупното производство на месо е зголемено за 6,9 проценти при што производството на свинско и живинско месо е во пораст, а производството на говедско и овчо месо бележи пад.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





