Големото НЕ на Грција за Европа?
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2015 19:31
Грција ќе мора да воведе друга валута, ако на денешнот референдум мнозинството гласа НЕ, изјави претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, за германското радио Дојчланд Функ.
-Дали Грција останува во Еврозоната по референдумот? Секако дека останува, но ако победи оцијата НЕ, официјална Атина ќе мора да воведе руга валута, бидејќи Еврото повеќе нема да биде на располагање како средство за плаќање, изјави Шулц, но нагласи дека во моментот кога некоја држава ќе воведе нова валута, тогаш таа земја излегува од Еврозоната.
-Ова се елементи кои ми даваат надеж дека граѓаните на Грција денеска нема да гласаат за опцијата НЕ, истакнува тој во интервјуто за Дојчланд Функ.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




