05 Декември, 2025
0.1710

Горан Марковиќ е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2025 21:24

Добивај вести на Viber

Горан Марковиќ ќе стапи на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2025 година. Тој е менаџер со богато искуство, со повеќе од 20 години на лидерски позиции во телекомуникациската индустрија, стекнато на различни меѓународни пазари.  Во текот на својата кариера, Горан бил на високи раководни позиции во две од водечките интернационални компании во индустријата – Групацијата Дојче Телеком и Групацијата Теленор.

Кариерата ја  градел извршувајќи различни одговорни функции, од раководење со национални деловни единици до стратешки функции и членство во управни одбори. Сето ова му овозможува широка перспектива врз оперативните, комерцијалните и корпоративните аспекти на деловното работење. Тој е докажан професионалец и во управување со програми и иницијативи за оперативна трансформација со конкретни и мерливи резултати.

Горан има  искуство во повеќе  комерцијални области, вклучувајќи маркетинг, комуникации,  бренд-менаџмент  и продажба, и експертиза во водење на деловни трансформации, и остварување одржлив раст.

Горан доаѓа во Македонски Телеком од T-Mobile Полска, каде што од 2020 година бил на позицијата Главен комерцијален директор и Член на Одборот, постигнувајќи позитивен пресврт во комерцијалните резултати и подобрувања во оперативната ефикасност.

Тој се стекнал со диплома по применети компјутерски науки на Универзитетот на Црна Гора и диплома по менаџмент и бизнис администрација на Универзитетот „Шефилд“ и има завршено неколку врвни меѓународни програми за лидерство.

Неговата обемна експертиза, ефикасно лидерство и докажана репутација во реализацијата на резултати и стратегии за раст ќе бидат клучни за компанијата да ја задржи својата водечка позиција во дигиталната трансформација на македонското општество.

Неговиот претходник, Никола Љушев, по седум години на позицијата Главен извршен директор, презема нова улога во Групацијата Дојче Телеком на проект за стратешка и оперативна трансформација на мрежата на Телеком за Европа.

Под негово водство, Македонски Телеком се трансформираше во компанија од дигиталната ера следејќи стратегија на пионерство во 5G, оптички мрежи и извонредно дигитално корисничко искуство.

Од неговото доаѓање во 2018 година, компанијата направи позитивен пресврт во оперативните резултати, со континуиран раст на приходите, проширување на базата на корисници, како и зголемена профитабилност и дивиденди за акционерите.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност