Горан Теменугов: Груевски го повлече последниот, најопасен потег
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2016 08:38
Обраќањето на поранешниот премиер Никола Груевски, беше повод да земеме ставови од повеќе македонски аналитичари „Нема да дозволиме функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните.
Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата, тоа мора да запре“, рече вчера Груевски, со што тој им упати порака на амбасадорите кои вчера беа на средби со него.
Став Горан Теменугов, новинар:
Со „Прогласот“ на ВМРО ДПМНЕ, лидерот на партијата Никола Груевски го повлече последниот, најопасниот, но и на „се или ништо“ потег. Со ваков став дополнително се продлабочува кризата, се упатуваат отворени закани за пресметки со имагинарните „соросоиди“ кои според оваа партија може да биде секој кој не мисли како нив.
Во комбинација со повикот на Валентина Божиновска за „Ноќ на долгите ножеви“ заканите се серииозни. „Прогласот“ ја суспендира и не ја признава работата на повеќе институции, што упатува дека се прави завршниот рез, или државата во потполност ќе се потчини на ВМРО ДПМНЕ и ќе се задуши прогресот на опозицијата или ќе се втурне во криза од која нема да може да се излезе без Никола Груевски да биде голем фактор во преговорите. Ако се земеме предвид дека се менуваат геополитичките состојби, стабилноста на Македонија, без ВМРО ДПМНЕ нема да биде можна.
Како пресметан и паметен политичар, Груевски ги има веројатно разработено сценаријата со кои не само неговата партија ќе остане сериозен фактор во решавањето на секое прашање во државава, туку може да издејствува со силните преговарачки позиции, да не биде повеќе кривично гонет од СЈО. Можно е укинување на ова обвинителство преку Уставниот суд.
Гарантите на работењето на СЈО, меѓународната заедница, поради низата промени на политичката сцена, нема да можат понатаму ефикасно да се справуваат со поголемиот дел од прашањата. Сега веќе примарна цел ќе биде одржувањето на стабилноста на Македонија. Едноставно, Груевски повлече опасен, но и исклучително значаен потег за него и за неговата партија.
Се ова што го напишав може да се гледа како политичка борба меѓу автократски режим и опозиција се до првата човечка жртва. Ако се случи тоа (а длабоко верувам дека нема), тогаш Македонија ќе се соочи со најголемиот кошмар од формирањето како држава, а тоа е опстанокот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




