ГОРАТ КУЌИ, АВТОМОБИЛИ, ДРВЈА: Три земји доаѓаат да помогнат на Грција
Објавено во: Балкан 12 Август, 2024
Горат села во Грција, а државата ќе добие помош од Франција, Чешка и Италија за локализирање на пожарите.
Ситуацијата со пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму е критична.
Шумски пожар поттикнат од силни ветрови беснее кон Атина, гори дрвја, куќи и автомобили и принуди на евакуација неколку болници и најмалку 11 градови и села.
Трите држави позитивно одговориле на барањето на Грција за помош за гаснењето на пожарите во областа Атика, упатено преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително, се очекува и финализирање на помошта од Шпанија и Турција.
Како што соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, барањето е за помош со воздушни и копнени средства, по што Франција ќе испрати хеликоптер од типот Супер Пума со кофа и се очекува да пристигне вечерва, од Италија утре наутро се очекува да пристигнат два противпожарни авиони Канадер, додека пак Чешка испраќа 75 пожарникари и 25 возила, од кои девет се цистерни.
Властите се во состојба на готовност поради шумски пожари најмалку до четврток, а метеоролошките експерти предупредуваат на „многу тешка недела“.
foto EPA
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.