Гордана Јанкулоска тврди дека за уништување на опремата за прислушување дознала кога СЈО отвори истрага
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2021
Екс министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не знаела дека комисијата која со нејзина одлука е формирана во УБК ја уништила опремата за прислушување со која се следени телефоните на повеќе од 20.000 граѓани.
Јанкулоска ова го кажа на денешното рочиште во случајот „Таргет-Тврдина“. Таа во судот изјави дека за уништувањето на опремата дознала дури кога СЈО отвори истрага за овој случај.
„До вакви сознанија дојдов кога СЈО го отвори предметот „Тврдина„ кој се однесува на уништувањето на опремата. Од оваа перспектива, гледајќи ги писмените документи, без да се имаат предвид изјавите на сведоците, невозможно е да се препознае за што точно станува збор во таа постапка каде што била уништена опремата“, рече Јанкулоска.
Таа додаде дека Комисијата и нејзините членови се должни да ги почитуваат правните стандарди и дека имале голема одговорност. Вo случајот таа е обвинета за уништувањето на опремата за прислушување.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на денешното рочиште за масовното прислушкување, за наводите дека со лозинка влегувал во системот и сам слушал од неговиот кабинет, рече дека многу ретко го вклучувал компјутерот.
Освен Јанкуловска и Мијалков, обвинети во овој случај се екс началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошковски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и уште шест други лица од УБК.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.