22 Јануари, 2025
0.0319

ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА: Човек од најголема доверба на премиерот, или негова жртва?

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска изби на првото место според бројот на истраги од Специјалното јавно обвинителство. Таа е осомничена во нов случај со кодно име „Тенк“, за злоупотреба на службената положба при набавка на луксузниот службен „Мерцедес“ за екс премиерот Никола Груевски.

СЈО оваа нова истрага, заедно со предметот „Тарифа“, ги обелодени со соопштение, наместо досегашната пракса за случаите да информира на прес конференции.

Според досегашните сознанија и докази на Катица Јанева, дејствијата за набавка на „Мерцедесот“ вреден 572.000 евра, се случувале од февруари до октомври 2012 година. Јанкулоска, заедно со уште едно лице вработено во МВР, наместиле тендер така што фаворизирале определена фирма за да можат од неа да го купат автомобилот на кој што „око му фрлил“ Груевски.

„Во конкретниот случај постои основано сомнение дека со цел да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип на патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење на јавни набавки, незаконски да повласти – фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип“, соопштија од СЈО.

Јанкулоска, според фотографиите објавени на нејзиниот фејсбук профил, е на зимување на Попова Шапка. Преку фејсбук и се огласи за најновиот случај за којшто е осомничена.

„Соочени со се погласните критики за нивното партиско дејствување, денес од СЈО заради исполнување на желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање на измислени истраги без никакви аргументи. СЈО може да отворат уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но, тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостатокот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО“, напиша Јанкулоска.

Таа реагира и на како што вели „партиските гласила на СДСМ финансирани од СОРОС кои оркестрирано, во хор се ставиле во функција на мегафони, кои не почуствувале потреба да побараат став од никого од посочените личности и институции“.

Мерцедесот фантазија, дури и Мијалков воодушевен

Јавноста за прв пат слушна за луксузната лимузина наменета за Груевски во мај 2015, како дел од прислушуваните разговори кои што ги објавуваше опозицијата. За „Мерцедесот“ беа објавени четири разговори, од кои три меѓу Јанкулоска и Груевски и еден во кој екс министерката му раскажува на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, дека автомобилот е „фантазија“, со телевизори, масажери, триста чуда и дека друг таков нема во Југоисточна Европа.

Според разговор од бомбите, Јанкулоска и Груевски лично се договарале како да се изведе постапка за фаворизираниот економски оператор да го добие тендерот за набавка на мерцедесот од скоро 600.000 евра. Груевски автомобилот го нарекува тоа на „М“, а Јанкулоска одлучно одговара дека неговата желба ќе биде исполнета.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Ова со процедурава за набавка за она што ми испрати ти едни…

ГЈ: Да, да, да веќе ја стаивме у постапка со тоа што ја мислам ви кажав како треба да испадне, треба само да видам неделава требаше некаде да објавиме за да направиме внимателно, пошто е нели 100 посто електронски да не ни улета некој друг нели треба да има нешто…мислам тој човекот шо ми е таму мислам е..отворено му кажав да испадне вака и вака сеа оти не може да не му кажеш, а да испадне…

НГ: Да де да…

ГЈ: Така да он рече добро да проучам што е специфично у однос на другиве за да стесниме простори оти…

НГ: Да да…

ГЈ: … нели на 100 посто електронски, не моеш да речеш, слушај ти не чиниш, посебно што и тие другите чинат нели…

НГ: Ама истовремено треба да се пази тој и да не се забораи кога ќе виде како е работата, тој што ќе понуди…

ГЈ: Е па ние нели ја знаеме вака од прошлиот пат рамката па сега ако забега ако треба па ќе поништиме еднаш па ќе распишеме пак…

НГ: Да, да…

Јанкулоска и Груевски во еден од разговорите прават и стратегија и како тогашниот премиер да се крие од јавноста и новинарите додека се вози во „Мерцедесот“.

Јанкулоска во „Таргет“ е жртва на УБК

Претходните два предмети во кои Јанкулоска е под истрага се „Титаник“ за изборни нерегуларности и „Тврдина“ за уништување на опрема за прислушување на УБК. Во еден случај популарната Горде, како што ја ословуваат нејзините пријатели од ВМРО-ДПМНЕ, е фактички оштетена, а тоа е случајот „Таргет“. Таа била една од илјадниците незаконско прислушувани лица од УБК, а СЈО соопшти дека телефонските разговори на Јанкулоска биле следени над 700 денови.

Екс министерката од претседателот Ѓорѓе Иванов беше аболирана 13 пати. Според математиката, од осомничена до аболирана, јасно е дека името на Јанкулоска ќе се појавува и во други предмети кои ќе ги отвора СЈО.

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“

ЗАВРШИ ИНСТАЛАЦИЈАТА НА СИСТЕМОТ ЗА КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ НА КЛИНИКА - се наѕира ли крајот на проблемите во операционите сали?!

ЗАВРШИ ИНСТАЛАЦИЈАТА НА СИСТЕМОТ ЗА КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ НА КЛИНИКА - се наѕира ли крајот на проблемите во операционите сали?!

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА: „Наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА: „Наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“