05 Декември, 2025
0.0801

ГОРИВАТА ПО ПОЛНОЌ СО НОВИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ - еве колку ќе чини литар бензин или дизел

Објавено во: Економија 25 Август, 2025 12:42

Добивај вести на Viber

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто во споредба со претходната одлука.

Новите цени во малопродажба ќе достигнуваат: 

- Еуросупер БС - 95  75 денари за литар, 

- Еуросупер БС - 98  77 денари за литар, 

- Еуродизел БС (Д-Е V) 68 денари за литар

- Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за за 0,378 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,265 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување  кај бензините во просек за 1,985 отсто, кај дизелот за 1,915 и кај екстра лесното масло за за 1,244 отсто, додека кај мазутот има намалување за 1,246 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230 отсто.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...