Господ да ги чува Грците!
Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 09:51
Со изгласувањето на „Не“ на референдумот во неделата Грците ја поддржаа тактиката на Ципрас и неговата популистичка влада. Но дали си направија услуга? Коментар на Спирос Москову:
Мнозинството од грчките гласачи ги отфрлија последните предлози на меѓународните кредитори за реформи. Бидејќи сепак по неуспехот на преговорите пред девет дена овие предлози реално веќе не постојат, морале да интерпретираат резултати од грчкиот референдум послободно.
Мнозинството Грци ги отфрлија понатамошните мерки за консолидирање и усогласување на грчките финансии со правилата во еврозоната, на тој начин дадоа глас и поддршка за тактиката на премиерот Ципрас и неговата популистичка влада која откако преговара цели пет месеци, на крајот замина од масата на преговорите.
Ципрас со острите мечеви
Дали тоа значи дека сега треба да се поклониме пред грчката демократија и да тргнеме кон враќање на драхмата? За жал, работите не се толку елементарни. Насекаде во Атина во неделата можеа да се видат редици. Но не пред избирачките места, туку пред банкоматите. Секоја вечер - уште на полноќ - луѓето се обидуваат да ја повлечат дозволената сума на пари. И фактот дека на референдумот гласаа само 60 проценти од гласачите (иако „Сириза“ ги мобилизираше сите можни резерви, дури и турското малцинство во Тракија), збори фактот дека на многу Грци им е преку глава од нивните политичари. Пак и треба да се грижат за физички опстанок ...
Во исто време владата на Ципрас демонстрира оптимизам. Изгласаната опција „Не“ на референдумот, не запира да повторува дека до 48 часа Атина требало да постигне нов договор со доверителите. Во неделата вечерта беше објаснето како ќе се случи тоа: Новото оружје на Ципрас во преговорите е токму резултатот од референдумот. А исто така и објавените извештаи на ММФ, според кој грчкиот долг е невозможен, а земјата има потреба од уште кредити и ново простување на долговите.
А ако кредиторите не се трогнат од сето ова? Атина нека се подготви и за ова сценарио: Во неделата вечерта владата објави дека ги блокира парите во готово, депонирани во сефовите на банките. Се претпоставува дека станува збор за околу 10 милијарди евра. Официјалната верзија гласи дека Владата требало да проверува дали овие пари не се од даночно затајување.
Господ да чува Грците од нивните политичари!
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација





