„ГОСТИВАР Е НАЈЗАДОЛЖЕНА ОПШТИНА“: Адеми претстави план за финансиска трансформација на Општината
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2025 17:17
Независниот кандидат за градоначалник на општина Гостивар на денешната прес-конференција посочи дека моментниот долг на локалната самоуправа надминува 11 милиони евра. Тој искажа и сомнеж дека некои договори кои ги склучила општинската администрација не се во склад со извршените работи.
- Според официјалните податоци, Општина Гостивар влегува во локалните избори со најголемиот долг во Македонија. Самата општина има 693 милиони денари (околу 11,3 милиони евра) и заедно со обврските на јавните претпријатија, вкупниот долг изнесува 25 милиони евра, рече Адеми.
Тој презентираше и неколку документи за кои тврди дека се сомнителни договори и се однесуваат на проектантски услуги, санација на улични дупки, и реконструкција на салата на Советот на општината.
Независниот кандидат Висар Адеми во обраќањето пред новинарите потенцираше дека ваквото финансиско управување го парализира развојот на Гостивар и директно му штети на квалитетот на живот на граѓаните. Тој претстави план за финансиска консолидација и трансформација на Општината.
- Планот вклучува: постепено раздолжување и воведување буџетска дисциплина, максимална транспарентност и отчет, институционална реорганизација за ефикасност и професионалност, дигитални иновации и модерен модел на локално управување, рече Адеми.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




