Завршени се патеките на Велешко, Дојранско и Крушевско Езеро
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2013 13:06
Откако целосно беше завршена изградба на пешачки патеки,хортикултурно уредување и осветлување околу езерото Младост, Дојранското Езеро и Крушевското Езеро, тие се предадени во владение на локалните самоуправи, информират од Министерството за транспорт и врски.
Пешачката патека крај езерото „Младост“ во општина Велес е со вкупна должина од 4.080 метри поделена на северен и јужен дел со широчина од 2,5 метри. Вредноста на тој проект е 15 милиони денари.
Крај Дојранското Езеро пешачката патека е долга 2.650 метри, широка 6,5 метри, и е осветлена и украсена со жардинјери. Таму има и асфалтирана велосипедска патека од 2.000 метри. Вкупната инвестиција е 53 милиони денари.
Осветлена и уредена е и пешачката патека крај Крушевското Езеро, со должина од 1.010 метри. Во тие активности се вложени околу 7 милиони денари.
Проектот за пешачки патеки почна во 2010 година со цел да се подобри туристичката понуда во општините и да се зголеми интересот на туристите.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




