18 Декември, 2025
0.1418

Град Скопје до Колариќ: Тест-периодот на новите автобуси нема да ни се наплати

Објавено во: Македонија 22 Април, 2018 15:27

Добивај вести на Viber

Град Скопје реагира на наводите изнесени во денешната прес-конференција на советничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ, во однос на новите пробни автобуси во Скопје и ги отфрла наводите за можна корупција.

Изминатиов период Градот Скопје доби два тест автобуси на ЦНГ гас од два различни производители кои што веднаш беа вклучени во јавниот превоз, а наскоро се очекуваат и нови слични проекти со други производители на еколошки автобуси меѓу кои и на еден електричен. Овие автобуси ќе бидат отстапени на Градот бесплатно, а првичните бројки покажуваат дека трошоците за гориво се речиси преполовени.

„Собраните податоци во овој период ќе помогнат во носењето на одлуки засновани на релевантни информации за какви автобуси ни требаат во Скопје. Оваа градска администрација нема да купува автобуси по принципот “миле, ми текна” како при минатата набавка на кинески автобуси каде првиот критериум беше ретро изгледот, а не перформансите на возилата. Во моментот кога Градот Скопје и ЈСП ќе донесат одлука за да набават нови автобуси, тоа ќе се случи во фер, отворена и транспарентна постапка во согласност со сите постоечки закони“, велат од Град Скопје.

Градоначалникот на Скопје досега потпиша два меморандуми за пробно користење на автобус на гас и автобус на електричен погон, со две странски компании.

„Целта на користењето на овие автобуси според објаснувањата на градоначалникот е дека потребно биле да се испитаат техничките карактеристики на автобусите кои подоцна би се набавиле. Се работи за милионски вредна набавка, а Скопје станува полигон за пробна вожња на автобуси.

Со потпишаните меморандуми се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка, и дали директно однапред се преудицира во понатамошна постапка доколку има тендерски процес кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер“, рече претходно Колариќ.


Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција