Град Скопје додели 1.500 заедници на листопадни и зимзелени дрвца
Објавено во: Мои пари 11 Април, 2013
Градот Скопје во традиционалната пролетна акција за доделување садници на заинтересираните урбани и месни заедници, куќни совети и образовни институции додели 1.500 листопадни и зимзелени дрвца.
На куќните совети и образовните институции на коишто им беа одобрени барањата, им беа доделени по 10, а на урбаните месни заедници по 15 садници.
Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира шест години во две етапи, на пролет и на есен. Целта на акцијата е да се зголемат површините под зеленило во градот и да се подигне јавната свест за значењето и за одржувањето на постојното зеленило.