20 Декември, 2025
0.0437

Град Скопје ги одбра најубаво украсените објекти

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2013 18:16

Добивај вести на Viber

Прогласени се годинешниве добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2013“ кои градот Скопје традициoнално ги доделува во овој период. Ќеститки за наградените стигнаа од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој посочи дека ова е поттик за граѓаните да ги украсувааат дворовите на индивидулани станбени куќи, тераси, дворови на средни училишта и угостителски објекти, со што придонесуваат во разубавувањето на градот и предновогодишната атмосфера. Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, истакна дека со задоволство компанијата учествува и ја поддржува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“, а најави дека и во иднина ќе ја поддржуваат оваа Манифестација. За најубаво украсена семејна куќа, од девет пријавени, е избрана куќата на Тони Даневски на улица Ниџе Планина, број 76, во населба Драчево.Комисијата за најубаво украсена тераса, од пријавени три, ја прогласи терасата на Ѓоко Игњатовски на улица Жданец, број 16 А, во населба Жданец. Од пријавените три угостителски објекти, тричлената комисија, годинава за најубаво украсен објект го прогласи кафулето „МАРТИНИ“ во Лептокарија. За најубаво украсен двор на Средно училиште, во конкуренција од четрири пријавени, комисијата го избра дворот на СУГС „Браќа Миладиновци“. На наградените беа врачени парични награди во вредност од 10 000 денари, претставници од фирмата за увоз и продажба на моторни масла и филтери „Фас Вас“ ДООЕЛ од Скопје на победниците во првите три категории им додели ваучери во вредност од 2 000 денари, а ЕВН Македонија еднократно ги ослободи победниците во сите категории, од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии