14 Ноември, 2025
0.0337

ГРАД СКОПЈЕ ГО ПРЕКИНУВА ДОГОВОРОТ СО ПРВИОТ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД: Шокирани сме од скандалот

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2021 13:37

Добивај вести на Viber

Град Скопје се оградува од активностите на Првиот скопски извиднички одред, кои предизвикаа реакции во јавноста, соопшти администрацијата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Сепак, од градот, потврдуваат дека имале договор со Првиот скопски извиднички одред, кој, како што велат, сега го прекинуваат.

Тврдат дека во проектната документација што ја добиле, не било наведено дека таму ќе се одржуваат скандалозни активности. 

„Сакаме да информираме дека во проектната документација доставена до нас, ја нема наведено спорната активност, ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата.

Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред.

Ја споделуваме загриженоста и осудите од страна на стручните лица и општата јавност и се согласуваме дека сексуалното образование не може да се спроведува од ентузијасти, туку исклучиво од професионалци во областа“, се вели во соопштението од Град Скопје. 

Можеби ќе ве интересира

Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана

Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

БГНЕС го критикува Николоски дека е лицемерен и дека Бугарите претходно ги нарекол „бедници“

БГНЕС го критикува Николоски дека е лицемерен и дека Бугарите претходно ги нарекол „бедници“

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата