Добивај вести на Viber
Градот Скопје распиша јавен повик на кој можат да се пријават сите такси возачи и да добијат бесплатна обука за англиски јазик. Трошоците за обуката во целост ги покрива Градот Скопје, а таксистите ќе имаат лекции кои ќе траат 80 часа или 40 блок-часа.
Обуката треба да им помогне на таксистите да ја исполнат законската обврска за познавање англиски јазик, која наскоро стапува на сила. Заинтересираните кандидати треба да не се постари од 62 години и да се вработени како такси-возачи во правни лица лиценцирани за такси-дејност од Град Скопје.
Својата пријава во следните 45 дена тие треба да ја достават до Архивата на Град Скопје во барака број 16, а заедно со неа треба да се достави копија од лична карта и копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.