Град со големина на лешник паѓаше во Гостивар

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2023
Во Гостивар попладнево имаше невреме со град.
Гостивар попладнево го зафати силно невреме со пороен дожд, грмежи и град со големина на лешник. Невремето почна околу 14 часот и 15 минути.
Интензивните поројни врнежи ги полнат улиците со вода. Пешаците кои се најдоа затекнати од невремето побрзаа да се сокријат на безбедно најблиску што можат, а возачите да се снајдат до првото паркинг место, пишува Гостиварпрес.
Поплавени беа и улиците во Велес. И наредните денови ќе имаме нестабилно време. На некои места можно е да наврнат и до 50 литри дожд на метар квадратен.
фото Гостиварпрес
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип
