26 Ноември, 2022
0.0296

Градете ја својата иднина на најатрактивната локација во Скопје - изберете дом во „Гранд Ривер“

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Во тек е продажбата на станбено-деловниот објект „Гранд Ривер“, кој се гради на најатрактивната локација во Скопје спроти хотелот „Холидеј Ин“, во самото јадро на главниот град.

Доколку сте во потрага по нов стан и решите да се консултирате со експерт за недвижности, или, пак, посетите специјализирана интернет-страница за недвижности, веднаш ќе забележите дека како најважен критериум при изборот на нов дом се дефинира локацијата.

Локацијата e единственото нешто што не може да се промени откако ќе го изберете вашиот нов дом. Сѐ што е поврзано со уредувањето на домот може да доживее промена и да се дефинира според вашиот вкус, освен локацијата која веќе сте ја избрале. Таа силно влијае и врз обликување на пазарната вредност на вашето живеалиште.

Во прилог ви претставуваме клучни фактори кои ја прават локацијата најважен критериум при избор на нов дом.

Близина на воспитно-образовни институции

Времето нема цена, како ќе го потрошиме во голема мера го дефинира и животот што ќе го живееме. Близината на воспитно-образовните институции е еден од клучните сегменти при изборот на нов дом за едно семејство. Доколку во близина на вашиот дом има градинки, училишта и факултети, тоа овозможува огромна предност при секојдневното функционирање. Домувањето во срцето на Скопје, во објектот „Гранд Ривер“, овозможува достапност до голем број воспитно-образовни институции кои претставуваат одлична поволност за семејствата кои имаат деца или, пак, за млади луѓе кои инвестираат во своето знаење на најдобро рангираниот универзитет во земјава „Св. Кирил и Методиј“.

На чекор од продавници за храна, ресторани и шопинг центри

Локацијата каде се гради објектот „Гранд Ривер“ овозможува широка палета на избор на продавници за храна, ресторани и шопинг центри кои го олеснуваат секојдневното функционирање на едно семејство. На само чекор од вашиот потенцијален нов дом се наоѓа Градскиот трговски центар, а во рамки на комплексот „Гранд Скопје“ е предвидена и изградба на модерна шопинг галерија каде ќе бидат достапни голем број ресторани и брендирани продавници.

Дополнително, близината на шетачката патека покрај кејот на Вардар овозможува богат избор на ресторани и кафулиња во кои можете секојдневно да уживате.

Достапен транспорт до работното место

Достапноста на транспорт од домот до работното место е еден од најважните поволности кои треба да ги поседува вашиот нов дом. Ваквата придобивка сериозно ќе ви ги олесни секојдневното функционирање и извршување на работните обврски, бидејќи на работното место ќе стигнете навреме и ќе го намалите нивото на стрес  предизвикано од недостапноста на соодветен транспорт. Во рамките на самиот комплекс „Гранд Скопје“ се градат современи подземни паркинзи кои директно ќе бидат поврзани со патната инфраструктура околу објектот, додека оние кои користат јавен превоз, велосипед или електричен тротинет  до работното место имаат достапност до многубројни автобуски станици и велосипедски патеки.

Близина на спортско-рекреативни содржини

Каков живот ќе живееме во голема мера зависи и од тоа како го поминуваме нашето слободно време. Доколку во близина на вашиот дом има избор на спортско-рекреативни содржини, тие значително ќе го збогатат спектарот на можности за уживање во слободните моменти.

Во непосредна близина на објектот „Гранд Ривер“ се наоѓа живописното шеталиште на кејот на реката Вардар, а веднаш до него спортско-рекреативната патека која отвора можност за голем број  спортски активности.

Во рамки на комплексот „Гранд Скопје“ ќе биде изграден и урбан парк по светски стандарди кој ќе внесе зеленило, спокој, но и палета на нови можности за уживање и рекреација во центарот на градот. Дополнителни опции за квалитетно користење на слободното време се и близината на паркот „Жена-борец“, како и шаренилото на Старата скопска чаршија.

Близина на културни знаменитости

Љубителите на културните настани, пак, имаат можност да уживаат во бројните содржини кои ги нуди Македонската филхармонија, Националната опера и балет, како и близината на кината и театрите.

Без разлика дали сакате да уживате во добар концерт, во добра претстава, изложба или друг настан од областа на културата, со домувањето во „Гранд Ривер“ имате буквално сè на дофат на рака, без притоа да трошите часови во барање паркинг или транспорт до самата локација.

Инвестицијата во вашиот нов дом дефинитивно е еден од најголемите финансиски предизвици кои ќе си ги зададете некогаш. Пред да го направите конечниот избор имајте предвид дека влогот во добра локација е секогаш најсоодветна опција и гаранција за тоа дека сте инвестирале во дом кој ќе ја задржи својата вредност, а поседува и огромен потенцијал и да ја зголеми вредноста.

Сите оние кои се во потрага по нов дом, на најатрактивната локација во Скопје, може да добијат персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактираат тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.

ПР објава

Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Најдобрите Black Friday понуди се во брендовите на Fashion Group!

Најдобрите Black Friday понуди се во брендовите на Fashion Group!

Компаниите растат ако има родова еднаквост на работното место

Компаниите растат ако има родова еднаквост на работното место

Купуваjте на рати за Black Friday, плаќајте од 2023 со Diners Club!

Купуваjте на рати за Black Friday, плаќајте од 2023 со Diners Club!

Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

„Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска е нова публикација со основи на музичката писменост за пијано

„Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска е нова публикација со основи на музичката писменост за пијано

Телеком засади 25.000 нови дрвца и собра 12 000 стари мобилни уреди

Телеком засади 25.000 нови дрвца и собра 12 000 стари мобилни уреди

#РамкаЗаПомош: Пронајдовме победнички одржливи идеи во Словенија, Србија и Црна Гора

#РамкаЗаПомош: Пронајдовме победнички одржливи идеи во Словенија, Србија и Црна Гора

Нова рекордна недела за БРАКО – 17 испорачани возила во европски земји

Нова рекордна недела за БРАКО – 17 испорачани возила во европски земји

Започнува продажбата на HUAWEI WATCH GT 3 SE на македонскиот пазар - најлесниот модел во серијата GT 3, со траење на батеријата до 2 недели

Започнува продажбата на HUAWEI WATCH GT 3 SE на македонскиот пазар - најлесниот модел во серијата GT 3, со траење на батеријата до 2 недели