05 Декември, 2025
0.0307

Градинарите изгореа во мај, продажбата им падна за 2,1 милиони евра

Објавено во: Агробизнис 18 Јули, 2014 08:33

Добивај вести на Viber

Мај бил добар за млекопроизводителите, нивните приходи изнесуваат 5 милиони евра, а просечно дневно продавале 4.815 литри млеко. Земјоделците изгубиле 2,4 милиони евра приходи од продажба во мај година во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите официјални податоци на Државниот завод за статистика. Најсилен „мајски шок“ доживеале производителите на градинарски култури. Тие во мај годинава во споредба со истиот месец лани изгубиле 2,14 милиони евра. Нивните приходи од продажба во мај биле 127 милиони денари (над 2 милиони евра), а лани истиот месец биле 259 милиони денари. Мај годинава за градинарите бил месец на загуба, а тоа пред сè се должи на лошите временски услови и обилните дождови што во тој период ја зафатија земјава. Според достапните податоци во мај годинава земјоделците продале 2.100 тони домати што претставува 1.184 тони помалку од истиот период лани односно 35 отсто полошо од пласманот во истиот месец минатата година. Споредбата на сумата реализирана од продажба и количината што била продадена покажува дека откупните цени биле пониски од лани заради тоа што нивните приходи се преполовени во ситуација кога квантумот на продажба се намалил за 35 отсто. Ова значи дека заради лошите временски услови нивниот род што бил пласиран на пазарите и на трговците бил со понизок квалитет, заради што и цените за пласманот биле пониски. Од позначајните по обем земјоделски култури значајни падови има кај продажбата на жита и кај продажбата на ориз. Продажбата на жита во мај е преполовена односно е пониска за 1 милион евра во споредба со истиот период лани и сега таа изнесува 1 милион евра. Квантитативно кај пченицата и ’ржта продажбата изнесува околу 4.300 тони, а во истиот месец лани била 6.668 тони. Овде исто како и кај доматите произлегува дека цената за откуп се намалувала заради тоа што приходот е преполовен, а количествата што биле истргувани се намалени за 35 отсто. Единствено кај продажбата на млеко се бележи позитивен тренд во споредба со лани. Имено во мај годинава приходот на млекарите изнесува 328,7 милиони денари (над 5 милиони евра), а во истиот период лани бил 267,8 милиони денар (4,35 милиони евра). Зголемениот приход е резултат на зголемените откупени количества. Годинава се откупени 30.000 хектолитри млеко повеќе од истиот месец лани, а на месечно ниво во мај се откупени вкупно 149.261 хектолитар. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?