Градоначалник на мала општина заразен со Ковид 19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Април, 2020
Градоначалникот на Општина Чешиново Облешево, Горанчо Крстев е позитивен на коронавирус.
Тој за Слободен печат вели дека на 23 март бил да се потстрижува кај фризер од Кочани кој вчера го загуби животот.
Откако дознал дека фризерот е позитивен, веднаш закажал два термини за тестирање, најнапред во приватната клиника Систина, а потоа во приватната клиника Филип Втори.
Лекарката Јасмина Ајтовска на социјалните мрежи повика сите кои послендите 10 дена биле во контакт со градоначалникот да се јави кај матичниот за понатамошни инструкции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.