„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕРКО НИКАДЕ ГО НЕМА ДА ОБЈАСНИ ШТО СЕ ПРЕЗЕМА ЗА НЕДОСТИГОТ НА ВОДА ВО СТРУГА“: Левица со остра реакција
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2025 11:40
Поради неодговорното работење на локалните власти, застарената инфраструктура и немањето одговорност, секоја летна сезона градот на две води се соочува со сериозен недостиг на вода!
Голготата на стружани со недостиг од вода оваа година се пролонгира и после завршувањето на летната сезона, додека од локалната власт предводена од Мерко нема никакви одговори, пишува во соопштението кое го испратија од политичката партија Левица до медиумите.
- Од надлежното јавно претпријатие последна достапна информација е пред повеќе од две недели, кога претпријатието информира дека заради високи температури, повторно жителите на Струга ќе се соочат со недостиг на вода. Рекордерот во кривични пријави, градоначалникот Рамиз Мерко никаде го нема во јавност да објасни што се презема за да се надмине овој сериозен проблем, со кој на жителите на Струга им е скратено основното уставно и човеково право за пристап до чиста вода! - се нагалсува во нивното соопштение.
Додаваат дека катастрофалното и корумпирано владеење на сите локални власти досега, без сериозни инвестиции за модернизација на водоводната инфраструктура (која е стара повеќе од 30 години), доведува до енормни загуби на вода, а последиците ги трпи населението.
- Дополнително, иако уште пред три месеци министерот Изет Меџити (поранешен сопартиец на Рамиз Мерко) помпезно се сликаше и најави капитална инвестиција за реконструкција на водоводната мрежа, реалноста на терен укажува дека овој проект се уште не е започнат.
Иронијата да биде поголема, додека Меџити овој проект го промовира како „Чиста вода за Струга”, реалноста е дека на крајот на месец септември жителите на Струга воопшто немаат вода! - заклучуваат од Левица во соопшетнието.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




