Градоначалникот на Бања Лука во проблем со опозиционерите: Точат гориво и прават сообраќаен хаос
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2024 18:19
Гужвите и сообраќајните колапси, кои често го блокираат целиот град, станаа секојдневие во Бања Лука, а особено се актуелни за време на предизборната кампања во пресрет на октомвриските избори.
Градоначалникот на Бања Лука и кандидат за нов мандат (ПДП) Драшко Станивуковиќ тврди дека Градскиот комитет на СНСД организира создавање на метеж и врбува луѓе на кои им плаќаат гориво и дневници за да го предизвикаат тој метеж.
Со објавеното видео, Станивуковиќ ги обвини членовите на СНСД дека создаваат вештачки гужви во градот.
„Прашавме со кого да контактираме за ова вештачко создавање гужви и блокирање на кружни текови“, вели тој.
На видеото може да се слушне како анонимно лице му се јавува на Милан Ќурлиќ, познат како Ќурл, и го прашува кого да повика „да се создаде гужва во градот“.
Потоа добива одговор да го контактира Миленко Летиќ (СНСД).
„Знаеме кои луѓе и со кои автомобили го правеле ова, како и од кои бензински пумпи ги точеле гориво! Утре наутро целиот случај ќе го пријавиме во полиција“, рече Станивуковиќ и рече дека сега на потег е МУП на РС.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




