Градоначалникот на Берово заработи кривична пријава

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017
Градоначалникот Драги Наџински на општина Берово „заработи“ кривична пријава поднесена од СВР Штип за злоупотреба на службена положба, односно поради тоа што без решенија и без патни налози го користел возилото на општината за сопствени потреби.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово во содејство со Одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Д.Н. (59) од Берово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопштија денеска од МВР.
Пријавениот како службено лице градоначалник на општина Берово, во периодот од 1 јули 2015 до 1 јули 2017 година во повеќе наврати ја искористил службената положба и овластување, користејќи го службеното патничко возило, сопственост на општината без да обезбеди Решение за службено патување во странство од надлежен орган од општината, како и без патни налози и без покани за службено патување во странство.
Д.Н., вкупно во 32 наврати за свои лични потреби и за потребите на други физички лица, кои ги превезувал со службеното возило, причинил штета на Општина Берово која дополнително ќе биде утврдена.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Артан Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Изет Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

Управа за извршување на санкции: Пронајден е подземен недовршен тунел од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат

Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија
