05 Декември, 2025
0.0468

Градот ги уништи посевите во повеќе скопски села

Објавено во: Агробизнис 24 Јуни, 2013 20:27

Добивај вести на Viber

Селата Стајковци, Страчинци, Црешево и Смилковци во општина Гази Баба претрпеа големи штети од вшерашното невреме со силен ветер и град кој го зафати овој реон. Најпогодените места денеска ги посети градоначалникот Тони Трајковски, а беа регистрирани огромни штети на земјоделските посеви, односно целосно се уништени речиси 80 отсто  од земјоделските посеви на лубеници, пипер, домат, и жито.
Попладнево општина Гази Баба закажа и итна седница на Светот за формирање Комисија за проценка на штета , во соработка со подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од Трајковски беше упатен аплел до земјоделците да си ги осигураат посевите и земјоделските површини, ако сакаат надомест на штетата. Засега нема конкретни најави за помош. Единствено им беше кажано дека општината ќе ги преземе сите мерки во нејзина надлежност за да  им помогне на најпогодените во невремето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?