Градот каде што секој трет жител е милионер
Објавено во: Финансии 15 Декември, 2017 09:26
Во Соединетите Американски Држави, секој 20-ти е милионер. Постојат места, меѓутоа, кои можат да се пофалат со далеку погусто богатство.
Во Монако, секој трет е милионер. А еден од секои 56 жители на францускиот регион има богатство вредно над 30 милиони долари. Тоа е сумата над која се смета дека лицето има ултра богатство.
Монако се наоѓа во јужна Франција, во близина на италијанската граница. Тој одамна е популарна банкарска дестинација, како и даночно засолниште, поради фактот дека кнежеството нема данок на доход. Монако е добро познат по своите казина и луксузни домови.
Во Монако има околу 39.000 жители, а 686 од нив имаат многу висок статус. Многу од овие 686 луѓе имаат само втор дом во кнежевството, не се постојани жители. Меѓу постојаните жители 100 лица имаат нето богатство од 30 милиони долари или повеќе, што се смета за ултра-богатство.
Монако е исто така едно од најбезбедните места во светот. Таму се наоѓа најголемата полициска сила по глава на жител, како и 24-часовен систем за видео надзор, кој го следи цело кнежевство.
Погледнете кои се градовите во светот со најмногу милионери меѓу населението:
10. Лос Анџелес - 1 на 1622 луѓе
9. Њујорк - 1 на 1392 луѓе
8. Лондон - 1 на 1388 луѓе
7. Хонг Конг - 1 од 918 луѓе
6. Цирих - 1 од 783 луѓе
5. Сан Франциско - 1 од 737 луѓе
4. Сан Хозе - 1 од 716 луѓе
3. Сингапур - 1 од 707 луѓе
2. Женева - 1 од 221 луѓе
1. Монако - 1 од 56 луѓе
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





