ГРАДОТ КОЈ ДАВАШЕ КУЌИ ЗА САМО 1 ЕВРО ДОЖИВЕА ВИСТИНСКИ БУМ: Милионски инвестиции и среќни луѓе
Објавено во: Свет 10 Март, 2024
Се започна со
примамлива понуда: куќи во живописен сицилијански град за само едно евро.
Според заменик-градоначалникот на Месомели, Италија, кој помогна во
покренувањето на иницијативата во 2017 година, таа предизвика целосно
обновување на некогаш недоволно населениот град, привлекувајќи туристи, вработени
луѓе кои работат он-лајн и инвестиции во областа.
Тоти Нигрели изјави за Business Insider во документарецот дека градот се соочил со големи проблеми со депопулацијата пред да ја спроведе програмата.
Тој објасни дека по Втората светска војна, населението постепено се намалило од 25.000 на околу 10.000, бидејќи жителите мигрирале во САД и другите европски земји во потрага по подобри можности.
Кога се иселиле, оставиле празни куќи, особено во Стариот град. Тоа остави доволно куќи за да се сместат околу 40.000 луѓе, додаде Нигрели, но не и доволно жители за да ги наполнат.
Програмата вроди со плод
Инспириран од програмите од едно евро во другите делови на земјата, Месомели отвори веб-страница наменета за странци, рекламирајќи ги домовите за едвај еден долар за американските и европските инвеститори.
Одзивот беше огромен, се пофали заменик градоначалникот.
Тој откри дека во првите пет години биле продадени речиси 300 куќи - околу 95 отсто од куќите од едно евро.
„Сега можеме да видиме многу луѓе од целиот свет“, забележа тој, мислејќи на сите оние кои говорат англиски, француски и шпански јазик кои сега сега живеат во градот.
Градот бележи пораст на туризмот и инвестициите
Програмата не само што придонесе за зголемување на бројот на населението, туку и поттикна десеткратно зголемување на туризмот, истакна Нигрели.
Пандемијата „Ковид-19“ ги привлече и работниците кои работат на далечина, од кои многумина одлучија да останат поради опуштеното темпо и ниските трошоци за живот, додаде тој.
Неодамнешниот раст на градот, исто така, привлече значителни инвестиции, десетици милиони евра од Европската унија и италијанската влада, рече Нигрели. Тие средства се наменети за нови патишта и реконструкција на централниот плоштад во Стариот град, изјави тој за Бизнис Инсајдер.
„Сите се среќни овде. Среќни затоа што имаме убави луѓе кои дојдоа овде, кои се интегрирани во општеството“, додаде Нигрели.
ФОТО: Unsplash* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.