Градот Скопје: Концентрацијата на загадување е само момент
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2018 14:59
Градот Скопје повторно се огласи со соопштение во текот на една недела. Во
соопштението реагираат на информациите кои изминативе два дена се објавувани во
јавноста околу загаденоста на воздухот во Скопје и рангот на истражувањето на
глобалната апликација Ер Вижуал (Air Visual). Во соопштението се вели дека во изминатиов период просечните вредности не
ги надминуваат граничните вредности, односно тоа се случува само во кратки
временски интервали и на одредени локации, додека посочената апликација ги
регистрира само највисоките вредности постигнати во одреден момент.
Градот Скопје информира дека во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загадениот воздух, преку спроведување активности дефинирани во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Во најава е набавка на 40 нови еколошки автобуси, инвестиции во електромобилноста и подобрување на инфраструктурата и на условите за користење на велосипедот како превозно средство. Минатата година за првпат Град Скопје овозможи бесплатен јавен превоз за сите, со цел да го дестимулира возењето автомобили.
Од аспект на греењето, Град Скопје формира ново јавно претпријатие ,,Градски енергетски системи АД Скопје” кое ќе врши енергетски дејности и ја реализира постапката за преземање на градската топлификациска мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област и во процесот на гасификација на Скопје. И оваа година, како и минатата градот субвенционира граѓани кои се греат на печки на дрва и други течни горива, да набават печки на палети кои помалку загадуваат. Инспекциските служби на град Скопје се постојано на терен, контролирајќи ги лицата кои креираат и ги палат дивите депонии и изречени се двојно повеќе казни од лани. Од градот исто така се исчистени над 3000 м3 диви депонии, далку повеќе од 2017 година.
Град Скопје апелира до државните институции и општини во Скопје, како и до граѓаните да се вклучат во борбата против загаденоста на воздухот, преку намалено користење на возилата и користењето на јавниот автобуски превоз, како и повеќе лица да се возат во едно возило, за затоплување да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обиени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




