17 Јануари, 2025
0.0318

Градот Скопје контра СДСМ: Не се откажуваме од подземна сообраќајница, само ја одложуваме

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Подземната сообраќајница како проект е одложен, но тоа не значи дека Градот Скопје целосно се откажува од негова реализација, реагираат градските власти на денешната пресконференција на опозицијата, која обвини дека се кратат парите за клучни проекти за граѓаните на Скопје, а за сметка на тоа се троши повеќе на непотребен луксуз.

„Сакаме да потсетиме дека Градот Скопје прави се во насока на реализација на овој проект, од изработка на сообраќајни и основни проекти, до ангажирање на меѓународна консултантска фирма, за на крај да бидат распишани два меѓународни тендери за изградба на овој инфраструктурен проект. Во реализацијата на овој проект се вклучи и Владата на Република Македонија, која донесе одлука да покрие две третини од сумата потребна за овој проект. На овие два тендери, пристигнатите суми кои беа понудени од компаниите беа превисоки, па оттаму реализацијата на истиот е одложен, но тоа воопшто не значи дека Градот Скопје се откажува од реализацијата на овој проект“, стои во образложението на Градот во кое се додава дека затоа нема потреба овие финансиски средства да стојат во буџет, ако реализацијата на истиот нема да отпочне оваа буџетска година.

Според градските власти, главна причина поради која се врши ребаланс на градскиот буџет е помалиот прилив на средства во однос на проекциите за Буџетот на град Скопје за 2014 година, со што се појавила потреба од корекција на истиот. „Сите средства кои се тргнати или намалени за одредени ставки во Буџетот на град Скопје за 2014 година, се направени со соодветно објаснување и логика“, соопштуваат од Град Скопје.

Еве какви беа обвинувањата на опозицијата за ребалансот на Буџетот на Скопје:

СДСМ: Скопје ќе даде за пајтон за 2,6 милиони денари, а ќе крати на осветлување!

Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете